Срѓан Керим ја повлече тужбата против дневниот весник „Фокус“


g_srgjan-kerimАдвокатската канцеларија „Софрониевски“ попладнево соопшти дека сочувствувајќи со семејството на трагично загинатиот сопственик на дневниот и неделен весник „Фокус“, Никола Младенов, од нивниот клиент Срѓан Керим е овластена во целост да ја повлече тужбата за дневниот весник “Фокус” поради текст во кој се пренесуваат извадоци од српскиот портал „Е – новине“, а кој се однесува на продажбата на МПМ.

Првото рочиште, на кое не се појави актуелниот претседател на Управниот одбор на МПМ, Срѓан Керим, се одржа точно пред една недела, на 25 март, кое го следеа претставници на новинарскиот синдикат, како и претставници на американската амбасада, а следното беше закажано за 7 мај.
Ова беше и едно од првите рочишта откако стапи на сила Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, каде највисоката сума за нематеријална штета што може да биде досудена е 27.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1