Ќе ги враќаат во живот изумрените животни (Видео)


izumreni zivotniПроектот е наречен “Revive & Restore”, во чиј склоп се планира враќање во живот на танзаниски тигар (чиј последен примерок умрел во 1936 година), птицата додо, мамут и група други животни.
Сепак првиот обид ќе биде враќањето на гулабот “Ectopistes migratorius”, чиј последен примерок, женката по име Марта, умрела во 1914 година.
Пред неколку години, токму на овој начин тим од француски и шпански научници успешно оживеале изумрена врста на дива коза, иако живеела само 10 минути.

Технологијата денес е толку напредната што научниците имаат механизми и знаење да ги оживеат изумрените видови. Еколошкион активист и научник Стујарт Бренд на конференцијата “TED”, која била одржана во Калифорнија под покровителство на “National Geographic”, ги открил овие идеи.

Како функционира ова оживување – се земаат делови од стара ДНК, а потоа се составува нов комплетен геном. Вака добиениот геном се инјектира во ембрионални клетки од кои е изваден нивниот ДНК, а потоа се бара погодна сурогат-мајка, кое новото суштество ќе го донесе на свет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1