Штип завиен во црно: Последно збогум за Бојан, Стефан и Јани


„Го молам небото да ми те врати“ – одекна од стотици млади грла познатата песна на Тоше Проевски со која гимназијалците од Штип ги испратија Јани, Стефан и Бојан во вечноста. Веднаш потоа се слушна силен аплауз од сите присутни. Родителите и роднините на настраданите кои денеска беа на комеморацијата во дворот на гимназијата „Славчо Стојменски“ се грчеа од големата болка по своите најмили. Немаше човек кој не заплака.

Гимназискиот двор беше претесен за сите кои сакаа да бидат на денешната комеморација. Минутата тишина, ја разби громогласен аплауз за благодарност на Бојан, Стефан и на Јани. Помен за прерано згаснатите животи одржа владиката Иларион со повеќе свештенослужители, пренесува Канал 5.

pogreb stip

Како што пренесува Канал 5, зборови немаше ниту кај довчерашните нивни професори, ниту пак кај нивните сокласници и другари.

stip komemoracija 2Солзите кај сите беа посилни од се. Она што имаше да се каже, го кажа пишаниот збор.- Чекореа по магичното, го допираа вечното. Трагаа по бесконечното, го достигнуваа возвишеното. Нашите Јани, Бојан и Стефан живееја за денес, а веќе утре прерано згасна нивните животи.

Уште еднаш суровоста на животот се покажа во нашето секојдневие, оставајќи неизмерна и длабока болка во нашите души, напиша Лидија Дамевска, соученичка на едно од загинатите момчиња.

Бојан и Стефан беа некогашни гимназијалци, а Јани за еден месец требаше да матурира.

Фото – Курир

stip komemoracijastip-zname

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1