Сирена од вистинскиот живот плива со ајкули и медузи (видео)


Моделот Линден Волберг (32) од Лос Ангелес може со целосно право да се нарече Сирена, но не од бајките, туку од вистинскиот живот. Таа плива со помош на опашка тешка 16 килограми, специјално направена за неа и го промовира ширењето на свеста за океаните.

sirenaТаа може да плива и до длабочина од 35 метри, користејќи ја својата опашка со должина од 1,8 метри.

– Израснав во вода. Моите родители учествуваа на натпревари во пливање, преку нив го засакав пливањето, рече манекенката.

Линден отсекогаш сакала да стане сирена, посебно откако го гледала цртаниот филм „Малата сирена“,  но нејзиниот сон станал реалност дури откако го запознала Ален Холт, холивудски уметник кој се занимава со специјални ефекти.

Тие работеле на опашката седум месеци и таа е направена од фиберглас според нејзините мерки. Целиот проект на изработка чинел 10.000 фунти. Линден пливала и со ајкули, а поради својата опашка често пати е подолга од нив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1