Лоша вест ако имате вишок килограми – ќе плаќате авионска карта според тежината


avion patnik

Лоша вест за оние кои имаат неколку килограми плус: „Samoa Air“ стана првата авиокомпанија која ја воведе политиката на плаќање на патниците според нивната телесна тежина. Време е за диета!

Правилото на оваа политика на плаќање е тежината на патниците да влезе заедно во цената на тежината на нивните куфери. Комбинирата тежина се користи за да се пресмета нивна цена која ќе биде верификувана на аеродром.

Крис Лангтон, кој работи во оваа авиокомпанија објаснува: „Ова е најправедниот начин за плаќање на патувањето. Нема дополнителни даноци за прекувремен багаж – килограмот е килограм.

fat guy on airlineНовата политика е мотивирана со фактот што нивните авиони имаат 12 мали седиштата.

Исто така, авиокомпанијата се соочува со голем проблем во врска со тежината.

Цените ќе варираат од 50 до 200 долари по 45 килограми, во зависност од должината на патувањето, но „Samoa Air“ тврди дека едно семејство кое има нормална или просечна тежина ќе имаат намаление на нивната цена. Вистинското прашање е дали и другите авиокомпании ќе започнат да го користат и овој вид на формирање на цената на еден лет?

Fakulteti.mk

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1