ВИДЕО: Стружанец пренесувал хероин залепен на стомакот


Три килограми хероин вчера биле запленети што ги пренесувал стружанец, залепен на половината, на Табановце со што е спречен меѓународен канал на трговија со дрога од Македонија до Австрија.

struzanecЦаринските службеници во содејство со полицијата извршиле преглед и контрола на патници во автобус со македонски регистерски таблички кој сообраќал на редовна автобуска линија од Струга преку Скопје до Виена.

Службено куче, кај 40-годишниот стружанец М.Р. открило пет пакувања со правоаголна форма облепени со селотејп трака исполнети со прашкаста материја со кафена боја, залепени околу пределот на стомакот.

Струшкиот шверцер за нелегалниот бизнис требал да добие 2.000 евра, од кои 500 евра му дале како аванс.

Запленетиот хероинот со висок квалитет на нарко пазарот при продажба на мало би достигнал цена од 200.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1