Крвав понеделник во Ирак – убиени 82 лица


Рано утрово во база на североистокот на Ирак убиени се 13 војници соопшти ирачката полиција, со што бројот на убиени на најкрвавиот ден се искачи на 82 лица.

Напаѓачите со три возила дошле до воената база и отвориле силен оган врз војниците, јавува АП.

Нападот е продолжение на бранот насилство кој ја зафати земјата и зад себе остави 82 жртви

Во Багдад вчера експлодираа три бомби, а напади со жртви имаше и во источната провинција Дијала, во Наџаф како и во полициската станица во Мосул.

Ова е најкрвавиот ден откако американската војска се повлече од оваа земја.

Нападите се случија само ден откако лидерот на Ал Каеда во Ирак предупреди дека милитантните групи се прегрупираат и дека ќе има повеќе напади на Ирак.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1