Убила 5 пешаци возејќи го дечкото во болница


Русинката Jekatarina Zaul (24) удрила со автомобилот во група пешаци додека се обидувала својот дечко брзо да го однесе во болница.

Од ударот 5 пешаци загинале. Девојката признала дека била под дејство на алкохол кога седнала зад воланот на ланд роверот и со голема брзина возела низ улиците на предградието Стараја Купавана во Москва.

Девојката и дечкото биле на журка, двајцата консумирале алкохол кога момчето почнал да се гуши. Девојката во паника веднаш го внела во возилото и се обидувала најбрзо што може да го однесе во болница.

Руската новинска агенција RIA наведува дека меѓу загинатите е и 7 годишно девојче. Девојката е уапсена, нејзиното момче не било повредено во сударот.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1