Зошто добивате ГРЧ


Постојат многу причини за појавата на грчеви, но најчесо е заморот. Покрај заморот, грчевите можат да бидат предизвикани и од слабата циркулација, а тоа се грчеви кои се појавуваат во текот на ноќта, додека спиете и кога температурата на телото е малку пониска од вообичано, додека сте активни.

grčГрчевите може да се случат кога едно лице е во неприродна положба, што може да резултира со слаба циркулација и да дојде до грчеви на мускулите.Лековите можат да влијаат на појавата на грчевите. Во случај лековите кои предизвикуваат грчеви, тоа им се припишува во споредни ефекти. Претераното потење предизвикува грчеви на телото.

Што точно е грчот?
Стисокот на „избраздена“ мускулна контракција, што се случува автоматски без наша волја и кој се повторува, предизвикува болка на местата каде што грчот се случува. Болката што се појавува како последица на грчење на мускулите, се прободување на мускулот и се локализирани на места каде мускулот е погоден од грчењето.
Почетокот и појавата на грчењето во целост не е разјасен, но некои работи се јасни.

Со сигурност се знае дека контракцијата на мускулите е зајакната со губење на течности и минерали во организмот. Овие феномени се типични ефекти од потење или проблем со циркулацијата.
Луѓето кои често страдаат од грчеви се лица кои вежбаат, се занимаваат со некој спорт, или луѓе кои живеат во посебни климатски услови, или клима со засилена влажност на температурата во воздухот.
Исто така очигледно е дека грчевите често се јавуваат кај луѓето кои имаат лоша физичка кондиција, или кај оние кои не се подготвени за интезивни физички напори, каде силата на мускулите доаѓа во прашање.

Како да се спречи ризикот од појава на грчеви?
Доколку вежбате треба да се обидете да вежбате на места каде што нема висока концетрација на влажност во воздухот и голема температура на сонцето. Комбинацијата на влажност и голема топлина, ја зголемува појавата на грчеви во мускулите.
Спортските активности секако да ги извршувате одговорно, односно ги збогатите со конзумирање на течности и минерали кои се губат вежбајќи. Внесувајте храна и пијалоци кои содржат натриум, магнезиум, калиум и калциум.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1