Новинар глумел бездомник – го нашле мртов по 3 дена (Видео)


Ли Халпин (26) планирал да помине една недела живот на улица во неговиот роден град Њукасл за потребите на документарецот во кои сакал да ги прикаже проблемите со кои се соочуваат бездомниците во неговиот град.

novinar glumel bezdomnikПроектот започнал во неделата, но три дена подоцна, овој млад човек бил пронајден мртов во една напуштена зграда во западниот дел на градот. Се уште не е потврдено како умрел, но постои сомневање дека починал од хипотермија во текот на ноќта затоа што температурите биле ниски.

Еден ден пред тој да ја започне својата авантурата на улица, снимил видео и го прикачил на YouTube, каде што открил дека проектот е дел од пријавата за истражувачко новинарство и дека сакал да биде пример за бестрашен новинар.

Двајца мажи биле уапсени во врска со неговиот случај. Се верува дека тие му дале дрога поради која тој не се разбудил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1