Македонија гостува во Шпанија


 Македонската ракометна репрезентација денеска со почеток од 12 часот и 30 минути против Шпанија го игра натпреварот од 4.коло од квалификациите за Европското првенство во Данска 2014 година.

rakomet reprezentacijaНашите ракометари од петокот се наоѓаат во Гвадалахара каде се подготвуваат за натпреварот со светскиот шампион. Шпанија е апсолутен фаворит, а пред четири дена во Скопје победи со 24:17.

Поради повредите добиен на натпреварот во Скопје останаа Филип Миркуловски, Велко Маркоски и Владо Недановски. Неизвесен е настапот на капитенот Кирил Лазаров, но тој е со селекцијата во Шпанија, а потоа ќе продолжи за Мадрид во својот клуб Атлетико. Вториот натпревар од групата 1 меѓу Португалија и Швајцарија почнува во 18 часот. Табела: Шпанија 6 бодови, Португалија 3, Македонија 2 и Швајцарија 1.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1