Ashley Moser го преживеа нападот во киното на премиерата на Бетмен. Се разбуди на интезивната нега за да чуе две вести од кои секоја мајка се плаши.
Веднаш откако се разбудила прашала за нејзината ќеркичка. Првата вест која морале да и ја соопштат на нејзино инсистирање е дека ја загуби својата 6 годишна ќеркичка која им подлегна на повредите, но втората вест е мала утеха за мајката. За чудо мајката која имаше неколку прострелни рани, а која била во поодмината бременост се опорави – а вистинско чудо е што преживеа и нејзиното неродено бебе.
Ashley имала 2 прострелни рани – во вратот и во стомакот.
25 годишната мајка преживеа – лекарите велат дека е вистинско чудо. Бебето не било повредено од куршумот кој завршил во нејзиниот стомак и сеуште покажува знаци на живот.
Мајката е сеуште во критична фаза и ја очекуваат уште неколку операции, но лекарите се оптимисти.
Сепак лекарите стравуваат за нејзиното здравје, бидејќи кога дознала дека нејзиното девојче починало здравствената состојба и се влошила.
Нејзината 6 годишна ќеркичка е најмладата жртва на 24 годишниот ,,џокер,, кој уби 12 лица а рани 50 на премиерата на филмот Бетмен. Тој се наоѓа во притвор. Денеска за прв пат беше сослушан и пред судот. Според полицијата тој не знае дека е во затвор, мисли дека е во филм и налудничаво се однесува.