Анонимуси прават свој интернет медиум – ќе ,,фрчат,, афери, снимки и корумпирани политичари


Хакерската група Анонимуси одлучила да покрене сопствен медиумски канал. Подгрупата Анонимуси под име „Your Anon News“ за ваквиот проект собрала донација од 54,688 долари.

anonimusi„Your Anon News“ може да се следи на Твитер по налог @YourAnonNews и може да ја гледаат повеќе од милион луѓе.
Медиумскиот канал Анонимуси, работи на теми кои ги игнорираат главните мејнстрим медиумски куќи. Тие би давале значајни информации, против политичките гласини и озборувања кои се преплавени од страна на повеќето други медиуми.
Сајтот „YourAnonNews“ би собирал ударни приказни од најдобрите независни блогери и репортери на интернет. Освен тоа сајтот би работел со независни новинари и репортери кои би ги следеле важните настани и би известувале за нив.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1