Копривата – природен чистач на организмот


Kопривата е најдобро природно средство за чистење на крвта. Таа е природен лек и за болестите на мочните патишта, како што се: воспаленијата, камењата и песокот, па дури може превентивно да делува и на стварањето на каменчиња во бубрегот и мочните патишта. Лековити делови од билкатасе листот, коренот и семето.

koprivacaj_thumb_medium350_233Копривата содржи големи количини на витамин А, разни минерални соли, растителни хормони и ензими, кои поволно влијаат на зголемувањето на бројот на црвените крвни зрнца во крвта.Затоа, многу често чајот од коприва се препорачува како природен лек против слабокрвност.

Копривата е исклучително погодна за т.н. пролетно чистење на организмот. Листовите од копривата може да се конзумираат свежи, како салата, зачинета со лимонов сок и маслиново масло. Може да се конзумира и како свежо исцеден сок или како чај. Копривата ја прочистува крвта и помага во ослободувањето на токсините од организмот. Научно е докажано дека копривата го намалува нивото на шеќерот во крвта, па затоа им се препорачува на пациентите со шеќерна болест. Влијае поволно и на расположението и ја намалува потиштеноста.

Копривата ја подобрува работата на системот на варење. Често се користи како природен лек против запек. Копривата го зајакнува природниот имунитет на организмот, па често се применува при реуматските болести и гихтот, како и при настинки и намален имунитет.

Докажано е делувањето на копривата во запирањето на крварењето, па често се користи при обилни менструации, крварење од матката, при повраќање на крв, крваво мочање. Копривата делува против реумата, грозницата, туберкулозата на белите дробови, бронхитот, болестите на зглобовите. Влијае и на побрзо зараснување на раните, на чирот на желудникот, на несоницата и нервозата.

Чајот од целата билка го чисти желудникот, цревата и црниот дроб, а воедно е и одличен природен лек за лекување на анемијата, хемороидите, жолтицата, маларијата и сите други видови на грозници.Поради јакото лековито дејство, копривата се користи и во лекување на алергија.

Чај од коприва:

Во 2 децилитра вода се ставаат 2 лажици ситно исецкана коприва. Се пијат 2 до 3 шолји чај дневно. Чајот се пие топол, незасладен или засладен со мед.

Чај за желудник и црн дроб

Овој чај се подготвува од целата билка. Во 2 литра вода се ставаат три лажици иситнета билка и се остава да стои 10-12 часа. Потоа, оваа смеса се вари половина час. Кога смесата ќе се олади, се процедува и се пие по една шолја пред јадење, три пати дневно. Овој природен лек ги чисти цревата, желудникот и црниот дроб.

Земјоделство.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1