После 21 година брак, мојата жена посака да однесам друга жена на вечера и кино. Ми рече: – Те сакам, но знам дека и оваа жена те сака можеби и повеќе од мене и дека навистина би сакала да помине некое време со тебе. Таа друга жена која мојата сопруга сакаше да ја одведам на вечера и кино беше мојата мајка.
Беше вдовица 19 години. Сепак, поради премногу обврски и поради моите три деца, немав можност да ја гледам многу често. Ја послушав мојата сопруга и таа вечер ? се јавив на мајка ми и ја поканив да излеземе заедно. – Што не е во ред сине, добар си? – ми врати таа на прашањето (мојата мајка е од оној тип на луѓе што ако се јавите доцна навечер веднаш ќе помисли дека нешто лошо се случило).
Тој петок после работа тргнав накај нејзиниот дом. Бев многу нервозен и возбуден. Кога пристигнав пред куќата забележав дека и таа е возбудена поради нашето излегување. Имаше прекрасна фризура и носеше фустан кој го носеше на некоја од годишниците од бракот. На лицето имаше широка насмевка која зрачеше со ангелски сјај. – Им кажав на сите мои пријателки дека излегувам со мојот син и сите беа импресионирани.
Едвај чекаат да им раскажам како поминавме – рече таа цела возбудена. Отидовме во прекрасен ресторан, не многу елегантен, но со фин амбиент. Додека влегувавме, мајка ми ме фати под рака. Седнавме и јас започнав на глас да го читам менито (поради слабиот вид не можеше убаво да чита). Читајќи, го подигнав погледот и забележав дека мајка ми ме гледа. Се појави носталгична насмевка на нејзиното лице.
– Ех, некогаш јас ти го читав менито, кога ти беше малечок – рече таа. – Добро, тогаш време е да се опуштиш и да ми дозволиш да ти ја возвратам услугата мајко – одговорив јас.
За време на вечерата водевме сосема обичен разговор, допирајќи ги заедничките доживувања и искуства. Толку се внесовме во разговорот што сосема заборавивме на филмот. Кога вечерта ја одведов дом таа ми рече: – Ќе излеземе повторно, ама под услов јас тебе да те поканам. Се сложив.
– Каков беше состанокот? – ме запраша мојата сопруга кога пристигнав дома.
– Многу добар. Поминавме подобро отколку што очекував – одговорив јас.
Неколку дена подоцна мајка ми почина од срцев удар. Се случи наеднаш и немав можност никако да ? помогнам. После некое време, добив писмо од ресторанот во кој бев со мојата мајка. Внатре, на едно ливче пишуваше: „Ја платив сметката однапред. Не бев сигурна дека јас ќе бидам присутна; но сеедно, платив вечера за двајца… за тебе и за твојата сопруга. Никогаш нема да знаеш колку ми значеше вечерта кога излеговме. Те сакам сине.“
Во тој момент најпосле ја дознав важноста на зборот „те сакам“. И важноста на времето кое го издвојуваме за да бидеме со оние кои ги сакаме. Во животот ништо не е поважно од нашето семејство. НИШТО!
Prezemeno od – Fakulteti.mk