Диме Весков е сведокот кој го предложија адвокатите на обвинетите во случајот „Монструм“.
Тој е затвореник и во моментов е во затворот во Идризово, но тврдел дека знае детали на возилото Опел Омега кое беше пронајдено кон границата со Косово, а за кое полицијата тврди дека го користеле обвинетите при ликвидацијата и при напуштање на државата, pi[uva a1On.
Адвокатите тврдат дека токму детали за сопственоста знае предложениот сведок. Неофицијално затвореникот има информации дека возилото е на полициската единица „Алфа“, односно го препознал на телевизија и му текнало дека токму со тоа возило тој бил приведен и пренесуван низ полициски станици.
Предложен е и градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски кој може да го потврди алибито на еден од обвинетите дека заедно биле на свечен настан.
А1Он