Девојче бездомник и полицаец – пријателство кое го разнежни Балканот


Одвојте време да го прочитате овој текст и да го споделите – некои дечиња се толу чисти и искрени иако немаат компјутери, фустанчиња, телефони – Малата Аника е бездомник, ја бркаат и упатуваат погрдни зборови но таа никому не замерува.
Повремено на интернет се појавуваат приказни кои благодарение на хуманоста и човечноста на главните протагонисти, едноставно ја враќаат вербата во човештвото. Таква приказна доаѓа од Босна и Херцеговина, а за истата за кратко време дозна и целиот Балкан. Сањин Рашидовиќ, полицаец од Горажде е пријател со девојче бездомник. Нивната фотографија го одушеви и разнежни цел Балкан и има повеќе од 17.000 лајкови на Фејсбук.

Имено, Фејсбук статусот на Сањин Рашидовиќ, во кој тој зборува за неговиот однос со шестгодишното ромско девојче Аника, која секојдневно ја среќава на улиците од градот, додека таа проси, ги згреа срцата на многумина.

anika i policajac“Во последно време во градот се појави малата Ромка Аника, која ми кажа дека има уште едно име, но истото не го знае. Со неа станав “другар”, па често си разменуваме по некој збор, а токму таа и ме натера да размислувам додека ги гледам децата и внуците на моите пријатели. Таа е секогаш весела, понекогаш е ненаспана, а секогаш се појавува боса и со неуредена коса, но културно секојдневно оди од маса до маса и бара малку пари. Пред неколку денови, мојата “другарка”, целата среќна, дојде да ми ја покаже новата гумена алка околу нејзината рака”, го започнал својот статус овој босански полицаец.

“Неколку денови подоцна, таа гордо ми го покажа нејзиниот нов пластичен привезок… Со тоа таа е пресреќна! Аника има 5 или 6 години, не знае ниту самата, не е запишана во книгата на родени, а има неколку браќа и сестри. Не ја барала, но ја добила несреќата да биде така родена, да трча боса од маса на маса, да не оди на училиште, да живее во картонска кутија, без струја, вода, телевизор, компјутер. Таа нема грижи дали нејзините родители ќе и стават кредит на сметката затоа што таа нема мобилен телефон. Среќна е кога не е гладна”, напишал Рашидовиќ на Фејсбук.

sanjin-rasidovic“По секојдневните наши поздрави “Sohi – Soccere”, што на ромски значи “Здраво, како си?”, таа со нас се поздравува како возрасна. Понекогаш ни се лути кога ќе и кажеме да се измие или кога сакаме да и ги избришеме нејзините валкани раце со влажни марамчиња, меѓутоа секогаш не слуша и трпеливо чека да добие малку пари од нас или нешто да јаде.

Не е безобразна, а ако нешто јаде, таа доаѓа до мене и ме прашува дали и јас сум гладен, нудејќи ми половина од нејзиниот сендвич. Кога ќе ја однесам некаде да јаде, таа вели дека не знае да користи виљушка и нож. Доколку е жедна, задоволна е и со чаша вода, иако понекогаш слатко и набрзина сака да испие чаша сок”, продолжува Фејсбук статусот кој ги стопли срцата на Балканците.

“Аника, или како и да се вика, не знае букви, не знае што се тоа игри на компјутер, нема родители кои секој ден ја возат со автомобил на училиште, не знае каков е проблемот кога дома немате интернет, никогаш нема да учествува во училишна претстава, додека нејзините горди родители и соседи ја гледаат во новото фустанче. Неа никој не ја учи да чита и пишува, таа нема дом, а нема ниту мали слатки фустанчиња”, напишал Рашидовиќ.

“Немаше, но сега има… Денес јас и мојот пријател Нино ја сретнавме и таа со среќа во очите зборуваше со нас и ни кажа дека и е премногу мило што има пријатели како нас… Отидовме заедно во продавница, Аника гордо одбираше панталони и фустани, се избриша со влажни марамчиња и беше вистинско девојче. Подоцна ја сретнав и ми кажа дека нашла балетанки кои што и се допаѓаат, па потоа отидовме и ги купивме, заедно со чорапи во иста боја. Со огромна среќа и радост во очите, таа ми раскажа дека и велеле “дека се средила” и гордо шеташе со мене”, напишал полицаецот.

anika i policajac “Кога подоцна, со пријателите пиевме кафе, таа дојде и пред нас го избриша своето лице со влажни марамчиња, гордо покажувајќи ни дека научила како се прави тоа, а на малечките прсти ни покажа дека ги налакирала ноктите… Сепак, сите можеме многу да научиме од неа! Таа има искрена насмевка и кога е среќна, тоа и го покажува. Не знае да биде лицемер, не е намуртена како голем број на луѓе, таа само се бори да преживее”, додал Рашидовиќ.

anika i policajac2“Ќе порасне на улица, босонога, ќе се подготвува за борба со животот на улицата затоа што немала среќа да добие родители кои имаат нормална куќа, кои можат да и дадат нормално воспитување… Неа ја воспитуваат луѓето кои што ја среќаваат на улицата, а дел од нив кон неа се однесуваат и многу дрско, но таа не замерува за нивната лутина, нивните “проблеми” што секој ден мораат да одат на работа или затоа што не биле на фризер, козметичар, не ја платиле ратата за кредитот на време или не успеале да си исполнат некоја желба!”

“Таа е само едно девојче кое се бори да преживее. Ниту еден фризер не сака да ја однесам кај него да ја среди… И жал ми е за Аника и за сите деца како неа, кои што се најслатки во тие години, поставуваат милиони прашања, но нејзините прашања нема кој да и ги одговори… Сите ја бркаат, а таа и понатаму неуморно ќе ги обиколува сите маси, само за да преживее”.

“Мојата “другарка” Аника е вистински борец. Би сакал кога некое семејство би можело да ја удоми, па и таа, како и сите нас, да има свои соништа… Нека и е со среќа и нека конечно среќата ја пронајде!”, напишал на крајот од својот Фејсбук статус полицаецот кој накратко им ги отворил очите на сите оние кои што се жалат “колку тежок живот” живеат!

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1