Иницијативата на АЕК за намалување на цените за роаминг би требало да профункционира првин на регионално ниво, информира првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Ордановски.
– Регулаторите од Македонија, Србија и Црна Гора разговараат трилатерално да ги исклучат роаминг цените во трите држави и ќе треба да се потпише трилатерален договор, изјави Ордановкси.
Во јули во Скопје по ова прашање ќе се одржи состанок на претставници на министерствата за телекомуникации и на регулаторните тела од Србија, Црна Гора и од Македонија и од надлежното тело за телекомуникации во Европската комисија.
Иницијативата првично предлагаше земјите од регионот да се приклучат на новата политика за роаминг на Европската унија која на операторите им наложи нивелирање и етапно намалување на цените ширум унијата.