Докторите не смеат да враќаат пациенти – нова мерка се воведува за контрола


Националниот систем за електронска евиденција во здравството „Мој термин“ ќе воведе ред во македонските болници. Со овој систем ќе се искорени чекањето на листи и долгите редици за пациентите.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, објаснува дека целта на „Мој термин“ е да се спречи пациентите да бидат вратени. Ваквата наредба им е издадена на сите доктори во здравствените установи во Македонија .

bolnicaПроектот „Мој термин“ е се уште во тест фаза и се очекува целосно да биде воведен во почетокот на јуни. Со имплементацијата, Македонија ќе биде единствена во регионот со ваков систем, кој инаку е најсложен систем направен во здравството.

Системот ги опфаќа сите здравствени установи во земјава и засега се обучени над 2.000 доктори.

За да се спречат злоупотреби, предвидено е докторите да имаат отворено онолку термини колку што имале прегледи во 2012 година.

Министерот за здравство апелира до сите да ја поддржат имплементацијата на системот, додавајќи дека од него придобивки ќе имаат сите доктори, пациенти, науката и состојбата во македонското здравство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1