Реката Вардар исфрли тело на млада девојка во близина на атарот на Маџари. Се очекува обдукцијата да покаже дали се работи за шеснаесетгодишната Сибел Ј. од Скопје која вчера се фрли во реката од пешачкиот мост кај Кале.
Претходно, полицијата со патролни чамци по течението на Вардар трагаше по девојката.
Како што информира полицијата, девојчето скокнало од мостот синоќа околу 22:45 часот, а на мостот е пронајдена чанта со книги и мобилен телефон.