Научници на Алкалоид решија мистерија стара 1 век – се најдоа на насловна на светски списанија


Истражувачкиот тим на фармацевтската компанија „Алкалоид“ во соработка со две научно-истражувачки лаборатории, за првпат во светски рамки, ја реши кристалната структура на соединението фолкодин монохидрат кое за пациентите кои страдаат од интензивна сува кашлица е повеќе од половина век достапно во форма на капсули и сируп.

alkaloid-600x282Познавањето на кристалната структура и полиморфизмот (можност едно хемиско соединение да постои во повеќе различни кристални форми) на секое фармацевтски-активно соединение е од исклучителна важност за детално дефинирање на неговите физичко-хемиски својства и физиолошка активност.

Иако фолкодин монохидратот во вид на капсули и сируп против интензивна сува кашлица се наоѓа во активна медицинска употреба во светски рамки уште од средината на минатиот век, не беше позната неговата кристална структура. Најверојатно, како последица на непознавањето на неговата структура, до сега останаа неразјаснети некои аспекти во врска со физиолошката активност на ова соединение.

Нивното разјаснување и дефинирање перспективно може да понуди негова проширена и модифицирана медицинска примена.

Добиените резултати од ова значајно откритие се објавени во реномираното научно списание „Кристален раст“ (Journal of crystal growth) во вид на оригинален истражувачки труд под наслов „Фолкодин монохидрат: Кристална структура и полиморфизам“. Истражувањето е спроведено по иницијатива на Ѓорѓи Петрушевски, вработен во Институтот за истражување и развој на „Алкалоид“, како дел од неговата докторска дисертација водена под менторство на проф. Петре Макрески од Институтот за хемија при Природно-математичкиот Факултет во Скопје, а во соработка со колеги од Природословно-математичкиот факултет од Загреб, Хрватска и Институтот за хемија при ПМФ.

Ова научно постигнување претставува огромен успех за македонската наука бидејќи претставува пионерско истражување од овој тип раководено од македонски научници под покровителство на „Алкалоид“, што претставува поттик за понатамошна соработката на оваа компанија со научните институции во Македонија.

Економски

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1