На 18 април, три дена по бомбашкиот напад на бостонскиот маратон, ЦИСПА беше одобрена од страна на Претставничкиот дом на САД. Но, дури ни Белата куќа не знае колку ЦИСПА ќе го шпионира интернетот и неговите корисници.
Набрзо потоа, 11 земји (Канада, Америка, Мексико, Перу, Чиле, Виетнам, Сингапур, Јапонија, Брунеи, Малезија, Австралија и Нов Зеланд) имаа таен состанок (без членови на јавноста и медиумите) во Лима, Перу за да договорат како ќе се контролира интернетот.
Ова е најголемата глобална закана за слободата на интернетот од АКТА. АКТА (Anti-Counterfeiting Trade Agreement)е интернационална спогодба која беше поништена од страна на Европскиот парламент со 92% негативни гласови. Европа нема да биде загрозена во случајот на ЦИСПА и европските политичари се оддалечуваат од законите кои АКТА се обидува да ги донесе во целиот свет.
Факултети.мк