Почина свештеникот комунист кој пееше во црква Бела Чао, пушеше хашиш и беше геј поборник (Видео/Фото)


817022 CORTEO E MANIFESTAZIONE DELLA FIOM CONCLUSA IN PIAZZA DUOMOПочина Свештеникот Дон Андреа Гало кој стана ѕвезда на Јутјуб кога на среде миса во црква почна да ја пее познатата партизанска песна “O бела чао”

Тој на среде миса пред голем број присутни верници во црква во Џенова почнал да ја пее О бела чао, а верниците со воодушевување му се придружиле па низ црквата ечеше О бела чао.

Но ова не беше прв пат овој свештеник да се најде на Јутјуб.Со право обвинет за промовирање на комунизам, пушење марихуана и застапување на правата на хомосексуалците и тоа не го криеше.

20130311172540don_andrea_gallo

На една снимка зад него додека држи миса се наоѓа знаме во боите на винижитото што е симбол на ЛГБТ заедницата за заштита на правата на хомосексуалците.

Дон Гало во салата во храмот во Џенова запалил џоинт, промовирајќи легализација на лесните дроги. Истовремено додека ги поддржувал лесните дроги, жестоко се залагал за забрана на изградба на американската воена база во близина на Виченца.

Овој свештеник го живееше животот во полн ек, се залагаше за угнетените, беше во тек со новитетите – го нарекуваа модерен поп. Имаше и своја фејсбук страница. Го обожуваа верниците, посебно младите, а неговите изјави и изреки се едни од најцитираните.

Починал вчера попладне, имаше 84 години.

Обвинет за пушење хашиш, комунизам, геј поборник – свештеник кој никогаш нема да стане папа (Видео)
Поп комуниста: Среде миса во црква пее партизанска песна (Видео)

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1