Facebook им станува досаден на тинејџерите, се префрлаат на мрежи на кои не се нивните родители


Според последниот извештај на центарот за истражување, Pew, тинејџерите кои Facebook го гледаа како место на кое може да се релаксираат и го поминуваа поголем дел од своето слободно време, оваа друштвена мрежа полека им станува досадна и се префрлаат на Twitter, Tumblr или некоја друга друштвена мрежа.

fejsbuk_1355827817_420x0Причината поради која младите ја намалуваат својата активност на Facebook или ја напуштаат платформа, е тоа дека сѐ поголем број постари луѓе, нивни роднини и пријатели, се зачленуваат на неа, и се споделуваат премногу непотребни информации.

Но, Facebook останува нивниот „дом“ каде се поврзани во просек со по 300 пријатели, додека на Twitter имаат по 79 следбеници. Но, иако 94 отсто од испитаниците сѐ уште го користат својот Facebook профил, тоа го прават со помал интензитет, додека истовремено Twitter забележува поголема популарност. Twitter го корситат 26 отсто од испитаниците, што е двојно повеќе од минатата година.

fejs444Истражувањето кое Pew го има направено со американсите тинејџери вели дека 77 отсто од нив кои се присутни на Facebook, нивното искуство не е како порано и не споделуваат сѐ со сите свои пријатели. Тоа го покажува и фактот дека дури половина од испитаниците ги имаат (из)бришано своите коментари или фотографии кои ги објавиле и/или биле тагирани.

Една од главните причини поради која тинејџерите го напуштаат Facebook или бришат дел од своите информации е приватноста, па така дури 75 отсто од нив одговориле дека имаат бришано пријатели.

Повеќе од 90 отсто од испитаниците потврдуваат дека имаат споделено барем една своја слика, 70 отсто имаат објавено информации за својата локација, а дури 20 отсто имаат понудено и број од својот мобилен телефон.

Сепак, анализата на Pew е за трендовите во САД. Во Македонија бројот на Facebook секојдневно расте – има 1,04 милиони македонски корисници во моментот, а бројката на Twitter корисници иако бележи раст, сепак се работи за мала бројка од околу 20-30.000 корисници.

It.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1