Спроти Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, непознати сторители го демолираа Музејот на Албанската азбука во Битола. Настанот се случи во текот на ноќта, кога вандалите најпрво го скишиле стаклото на влезната врата, насилно ја отвориле и дивееле во просториите на вториот кат каде е музејската поставка.
Уништени се витрините во кои се чуваат копии од историски документи. Исто така скршени се и неколку прозорци од зградата, врз кои хулиганите фрлале со камења од надвор. Полицијата го известила директорот на музејот утрово околу 4 часот, по што извршен е увид и се трага по сторителите.Националната установа Музеј на албанската азбука во Битола е сместена во објкетот каде што пред 105 години се одржал познатиот Битолски конгрес на кој група албански интелектуалци ја создадоа и унифицираа денешната албанска азбука. Музејот е отворен во ноември минатата година и во него се поместени 56 фотографии и повеќе од 230 документи.










