Анти – геј активисти денеска во Москва се судрија со геј – активистите, кои излегоа на неодобрен собир во близина на државната Дума.
Уапсени се триесетина лица на двете страни. Геј – активистите се собраа, во обид да го искажат ставот дека руското општество не треба да биде хомофобично; нивните противници во истовреме на глас читаа извадоци од Библијата, за да им покажат дека хомосексуалноста е грев.
-Овие луѓе не се наши. Во Русија, луѓето се чисти и исправни, а овие луѓе се нечисти, викаше еден од противниците на права за геј популацијата.
Рускиот парламент лани воведе забрана за одржување на геј парадите.
-Владата во Москва нелегално ги забранува јавните активности на ЛГТБ заедницата, истото се случи и во Сант Петербург, изјави еден од активистите на ЛГТБ – заедницата.