Секој ден нашето тело прави 6 работи за кои науката нема објаснување


Човекот ја има искачено највисоката планина, се има нурнато до најдлабокото и најмрачно океанско дно, но има една граница која што до ден денес, во голема мера, останува мистерија за сите нас, а тоа се нашите тела.
Постојат секојдневни феномени, кои човек ќе си помисли, морале да бидат објаснети пред многу векови.

6. Прозевање

Чинот на зевањето е збунувачко за експертите од две причини. Прво поради тоа што од истото нема никаква корист. Сериозно кога чуствувате досада, едноставно се случува да се прозевате. Што се случува? Дали чувствувате болка на лицето? Дали ви протекува крв од вашиот нос? Не. Ништо од тоа не се случува.

zevanje-450Подеднакво збунувачки е и самата заразна природа од истото. Доколку забележите како некој кој се прозева и вие ќе се прозевате. Исто е и кај животните. Кога едно шимпанзо ќе се прозева, многу набргу следува идентична реакција и кај останатите. И кога вие ќе се прозевате, дури е можно, истото да се префрли и на кучињата.

Што мисли науката за ова?

Во елементарните школи во книгите е објаснето дека ниските нивоа на кислород во крвта го предизвикуваат проѕевањето, со истото се обезбедува брз прилив на гас. Всушност со проѕевањето се намалува дозата на кислород. Логично кога ќе почнете со тешки вежби, не започнувате да се проѕевате, а не ги гледате ниту спринтерите на сред трката да го прават истото.

За жал, алтернативите се сосема нелогични

Таква е и теоријата дека прозевањето е начин на телото да ја контролира температурата во мозокот. Научниците сметаат дека нашиот мозок функционира како мотор на стар автомобил. Колку сте постар толку почесто истото ви се случува.
Доказот за ваквото нешто беше во низата експерименти во кои е константирано дека луѓето на кои што им биле залепени пакети со мраз на главата, помалку се прозевале.
Што се однесува до тоа зошто зевањето е заразно, некои научници укажуваат на тоа дека човекот е примитивно човечко суштество со силни иснтикти. Сепак ова останува само теорија затоа што уште не е објаснето зошто самите луѓе се прозеваат.

mozok5. Адолесценцијата

Научницие дури и не можат да најдат заедничка појдовна точка за тоа кога почнува адолесцетната фаза на еволуција. Некои веруваат дека тоа се случило за прв пат, во периодот на хомо-еректус ерата, пред милиони години, кога тинејџерите биле како еден вид на непријатни нервни топки и постојано им излевале течности од носот, додека други пак сметаат дека истата започнала многу подоцна.

Додека научниците не пронајдат некој хомо еректус скелет, како држо фосилизиран „iPod“ исполнет со романтични песни, никогаш нема да се знае почетокот на адолесценцијата

Лудите теории на науката

Некои научници тврдат дека на момците им е потребна половина деценија за да ги развијат основните карактеристики, како што се смислата за хумор, уметничкиот талент и вештините на разговор.

4. Плацебо ефект

pill apceКога дечкото вели дека се чуствува лошо, ќе му се даде шеќер и ќе речете дека од тоа ќе му биде подобро. Тој прекинува да се грижи за неговиот стомак и на тој начин истиот го смирува. Вијагра индустријата и производите како „ExtenZe“ можат да ги подобрат сексуалните перформанси, со тоа што ќе го натераат човекот да мисли дека превземал нешто, со што го подобрува својот сексуален перформанс.

Што мисли науката за ова?

Прво постои дебата околу тоа дали плацебо ефектот е релален. Некои веруваат дека истиот се препишува пред се поради самата природа на телото и исцелителните способности.
На едно ниво, тоа е всушност доста прилично вознемирувачки. Некои студии покажуваат дека плацело ефектот делува како и медицинските техники во 50 до 60% од случаите. Други пак претпоставуваат дека истиот делува на начин на игнорирање или сузбивање на симптомите.

dreaming-of-my-mother-2703. Сонување

Иако голем број на луѓе се опседнати со толкувањето на соништата, многу малку знаеме што истите ги предизвика и каква цел имаат истите.

Што мисли науката за нив?

Старата фројдова теорија беше дека соновите се израз на нашите несвесни желби. Други пак сметаат дека сонот е начин на кој што нашиот мозок ги формира новите идеи, преку употреба на случајна мисловна мутација.
Друга теорија е дека преку сонот, нашиот мозок, на некој начин се прочистува од непотребните мисли.
Сепак најчудно од се е тоа што монтажните докази, покажуваат дека на соништата влијаат работи кои што доаѓаат однадвор, а не внатре во нашите глави. Звуците мирисите може да имаат ефект врз содржината на нашите соништа.

2. Вцрвенување на лицето

Дарвин смета дека вцрвенувањето е еден од најнеобичните човекови изрази и потрошил пеколно време за да објасни зошто луѓето еволуираат во ваквата фаза во периодот кога лажат или се чуствуваат ранливи, со оглед на нашите животни односи кои се изградени на несигурна основа, или полувистини или лаги, неизговорени вистини и слично.
Повеќе од еден век подоцна сеуште науката не може да ја објасни вцрвенливоста на лицето.

red_face_blushingШто вели науката за ова?

Една од идеите која што се развила кај научниците е дека со вцрвенувањето се постигнува ефект на едно задоволување кое е развиено кај доминантните членови на општеството. Ова донекаде и нема некоја смисла, затоа што секој човек дали е како доминантна личност или не, таа вцрвенува.
Други сметаат дека вцрвенувањето е еден вид на потчинетост, или еден вид на лутина. Сите сме нарцисоидни во срцето и кога некој ќе не навреди, со самото вцрвенување му даваме до знак да се носи.
Некои од научниците истакнуваат дека руменилото почесто и поизразито се појавува кај мажите отколку кај жените поради нивната поголема искреност и покорност кон мажите. Токму вцрвенувањето е една од неонацистичките теории за тоа дека истото се случува исклучуво кај белите луѓе и токму заради тоа тие се единствените создадени од Бог.

1. Срамните влакна

honeyЕдинствената разлика меѓу човекот и мајмунот, животно за кое се претпоставува дека е потомок на човекот, се влакната. Повеќето мајмуни имаат кожни тела, за разлика од луѓето кои се голи, што се однесува до ова прашање, освен во деловите кај „импресивните грмушки“.

Што вели науката за ова?

Традиционално идејата е дека срамните влакна на некој начин претставуваат заштита од надворешните штетни влијанија. Некои тврдат дека истите тие претставуваат сексуален украс за привлекување на партнерите, додека други пак го сметаат токму спротивното, што помалку срамни влакна толку поголема еволутувна предност.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1