И во Париз нападнат и расечен војник


Француски војни е нападнат во саботата во Париз, а непознат напаѓач кој го исекол на вратот успеал да побегне и по него трага полицијата, јави AFP повикувајќи се на официјални извори, а тоа ја потсети француската јавност на сличниот инцидент од средата кова во југоисточен Лондон беше масакриран британски војник.

pariz policeВојникот со уште двајца колеги бил во антитерористичка патрола кога напаѓачот ми пришол од грб, го исекол по вратот и побегнал. 23 годишниот војник загубил многу крв, но се опоравува во воена болница и животот не му е во опасност.

Полицијата објави дека во врска со нападот трага по триесетгодишен маж од африкански потекло.

Двајца мажи во средата среде бел ден во југоисточен Лондон со мачети брутално го масакрираа 25-годишниот британски војник Ли Ригби, а во текот на нападот извикувале исламистички пароли, додека британските власти официјално убиството го квалификуваат како терористички напад. Двајцата напаѓачи кои се идентификувани како регистрирани исламски радикали се уапсени, а еден од нив во судирот со полицијата е тешко ранет

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1