Фудбалер жртва на рекетари: Ми ставаа жешка пегла на задникот


Тортурата и пеколот низ кои поминал спортистот Никола В. (1984) од страна на криминалците, меѓу кои имало и полицајци, можел да ги види само во бруталните филмови, но никако и да претпостави дека ќе ги доживее.
Парите кои ги заработил додека играл во странство, во Русија, се решил да го вложи во изградба на станови. Му помогнал таткото, кои со години работел во Либија. Во работата влегол во 2008 година, а август 2011, почнал со работа на објект во Змајевац, кога и започнала драмата.

NikolaV„Тогаш ги запознав Дук и Стајка. Тие дојдоа кај мене на градилиштето и ми понудија заштита. Тој стан е мој, а овој е мој ми рекоа. Ги прашав на која основа да им ги дадам становите, а тие ми се заканија дека ќе ми ја скршат и другата нога. Тогаш одев на штаки поради операција на левата нога“, објаснува Никола.
По неколку месеци му побарале 20,000 евра.
Не смеев да пријавам затоа што меѓу нив имаше и полициски службеник, инспектор во цивилна облека. Од пеколот и тортурата кои ги има поминато, Никола се лечи на психијатар.
Бил принуден потоа да ги однесе на суд, каде што го натерале да им ги препише становите. Потоа им ги дал сопствените автомобили, најпрвин Ауди 3, а потоа и Ауди 4. Во март му земале меѓу 600,000 до 700,000 евра. За време на Нова Година, кога дошле во неговиот стан, сакале новогодишната елка да му ја бутнат во анусот. Жешка пегла му ја лепеле на газот. Морал да гази по запалени светилки, а во ноември минатата година му ја скршиле и раката. Постојано знаеле за неговите потези. Секој од нив имал свој дел од работата. Еден бил задолжен за следење, други биле главни за мачење, трети за информации за него и неговото семејство.

Пеколниот живот му траел како што вели тој од август 2011 до април 2013 година кога биле уапсени.
Постојано знаеле за неговите делувања, па дури дознале и за тоа дека ги пријавил во полиција, но не превземале ништи надевајќи се дека се добро заштитетни.

Нивната цел била да му ја одземат зградата, а него да го наместат во некаков вид на измама. Точно знаеле кој договор кога го потишал, како и цифрите кои што му легнувале на сметка. Кога станало неподносливо, Никола пробал да побегне, најпрвин за Рим, па Милано, за Истанбул, на крајот завршил во Приштина. Но, сепак каде и да се упател, тие знаеле кај се наоѓал.
На крајот се решил да ги пријави, по што на 29 ноември се обратил на луѓето од „Второто оделение“, оддел за изнуда.

Тие имале свои инсајдери меѓу нив кои овозможиле да биде разоткриена ваквата банда. Но и при последното предавање на ковертот со пари, еден од разбојниците му рекол на Никола дека му се гневни што случајот го пријавил, нешто поради кое што до ден денес стравува за својот живот и живее под полициска заштита. Тој вели дека стравот доѓа од таму што, тие имаат и свои луѓе кои што се на слобода и кои што би можеле да му наштетат на него или неговото поблиско семејство.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1