Дваесет и пет илјади луѓе досега се потпишале на петицијата за ослободување на Сашко Богески, Македонецот од Србија кој се наоѓа во притвор откако во самоодбрана уби провалник.
Провалникот, познат српски криминалец, среде ноќ преку прозорец упаднал во неговиот стан во Белград, додека неговата сопруга и ќерка спиеле. Истрагата ќе покаже дали 39-годишниот
Сашко, познат по својата хуманитарна работа, при самоодбрана, употребил пропорционална сила за да се справи со провалникот со шрафцигер.