Како што соопштидиректорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, резултатите пристигнале вчера вечер, а нивната официјална потврда се очекува најдоцна до четврток или петок.
– Не е констатирано присуство на вирусот на беснило кај мострите од мачки за кои постоеше сомнение дека се заболени од беснило, а кои пред десетина дена по извршените лабораториски испитувања во националната лабораторија при Факлутетот за ветеринарна медицина беа испратени во референтната лабораторија на ЕУ во Нанси, Франција, за вршење дополнително лабораториско испитување и финално потврдување на присуството на вирусот, рече Рунтевски на средба со новинарите.