Да тропнеше на врата Сашко и последниот денар ќе му го дадеше – Исповед на семејството на Македонецот кој уби провалник во Србија


Само да тропнеше на врата и го замолеше мојот син за помош, ништо од ова немаше да се случи. Последниот денар би го поделил со него, вели за „Блиц” Иван Богески, таткото на Сашко Богески кој на 21-ви мај во самоодбрана уби провланик кој во текот нa ноќта упаднал во нивниот стан во Белград.

bogeski01rasfoto-oliver-bunic_ffСемејството Богески изрази сочувство на семејството на настраданиот провалник, но и се заблагодари за огромната поддршка која пристигнува од сите страни, од Србија, од земјите во регионот, па дури и од САД.

Родителите на Сашко вчера од Македонија допатувале во Белград за денеска да го посетат синот кој се наоѓа во притвор.

-Мојот син никогаш не се ни степал. Страшно е ова што се случи. Зошто тоа момче не побарало помош од нашиот син? Зошто -низ солзи коментира Иван Богески, кој уште не може да поверува дека неговиот син дошол до ситуација на ваков начин да се брани себе и животите на своето семејство.

sasko

За несреќата дознале неколку дена подоцна, кога соседката ги прашала дали е вистина тоа што го пишуваат медиумите.

Нада Богеска почуствувала дека нешто се случило со нејзиниот син, а дека не погрешила потврдува и постарата ќерка, која исто така допатувала во Белград за да го види братот.

-Жал ми е за ова што се случи, двете семејства претрпеа голема болка. Морам да им се заблагодарам на сите кои го поддржуваат мојот брат. Сашко ни е потребен на сите, а особено на неговата ќерка, вели Виолета Преспаноска (36), видно потресена поради случката која внесе немир во нивните животи.

Досега се собрани над 25.000 за поддршка на македонскиот државјанин Сашко Богески.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1