Нема веќе циркус со диви животни во Македонија


Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека со измените на Законот за заштита и благосостојба на животните, се забранува диви животни да учествуваат во циркуски претстави.

cirkusИзмените воведуваат и регистрација на домашните миленици со миокрочипови. Кучињата кои ќе смеат да се шетаат само во присуство на полнолетно лица и ќе мораат да се чуваат со маска.

-Паралелно со измените во Законот за заштита и благосостојба на животните, одиме со еден Правилник кој предвидува регистрација  и идентификација на домашните миленици.

Се предвидува секој сопственик на  домашните миленици, конкретно кучињата или мачките ќе мора  задолжително да имаат  електронска  идентификација  со  соодветни микрочипови,  тоа е  со цел  ние  како Агенција за храна да добиеме вистински увид   во  бројот на овие животни и делот на  статусот  на здраствената состојаба,  односно навремена вакцинација оти сите овие податоци ке бидат чувани во електронската база, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1