Лари Кинг се враќа – станува водител на „Раша Тудеј“


Познатиот американски телевизиски водител Лари Конг наскоро ќе започне со реализација на сопствено шоу на руската телевизија на англиски јазик „Раша Тудеј“ (Russia Today), објави главниот уредник на медиумот Маргарита Симоњан на својот Твитер профил.

larry-king1Во соопштението наnbsp;Симоњан не се посочува кога Лари Кинг ќе премине во „Раша Тудеј“, но прес-службата на телевизијата информира дека првата емисија од шоуто „Лари Кинг Нау“ (Larry King Now) ќe се емитува на почетокот на јуни.

Шоуто ќе се емитува секојдневно од студијата на „Раша Тудеј“ во Вашингтон иnbsp;на продуцентската компанија „Ора-Ти-Ви“ во Лос Анџелес.

Лари Кинг работи како новинар веќе 56 години. Во својата досегашна кариера тој има направено над 50.000 интервјуа со претседатели, премиери, актери, музичари и други јавни личности. Тој е добитник на повеќе награди меѓу кои и „Пибоди“ и „Еми“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1