Се подготвувале за свадба, а заедно отишле во смрт ФОТО


marko-neda

Топола  е завиена во црно поради големaта трагедија во која животот го загубија три лица . Загинала во сообраќајна несреќа позната докторка Нада Какашиќ (44), нејзиниот 25-годишен син Марко Игњатовиќ и неговата девојка Неда Поповиќ (26). За трагедијата да биде уште поголема Неда и Марко набрзо планирале да се венчаат.

Во несреќата повредена е и сестрата на починатата докторка и уште еден маж, а тешко повреден е возачот на вториот автомобил.Во семејната куќа во Топола, екипата на Блиц, ја нашле само стрината на докторката.

-Отидоа за Дубровнил. Најстариот син на Нада, Владо работи на брод и викендот беше во Дубровник па отидоа таму за да се видат со него.  Поминале еден ден заедно, тој повторно отпловил, а тие тргнале назад за дома кога се случила несреќата. Од телевизија дознав дека загинале, вели Смиља.

Марко и Неда се запознале во кафе бар каде заедно работеле. Сопственикот на кафе-барот изјавил дека двајцата барале слободни денови за да одат на тоа патување.

nesrekaa-Не се противев бидејќи знаев колку Марко сакаше да го види братот кој веќе неколку години работи на брод. Ми беше мило дека ќе може да го види, бидејќи ми кажа дека ќе поминат цел ден заедно, а јас за работата се снајдов. Младите кај мене се запознаа и почнаа да се забавуваат. Кажаа дека планираат свадба. Неда истовремено работеше и студираше, а Марко сакаше да ја однесе кај него во куќата, каде живееше со својата мајка. Сите ги сакавме, вели Милан Вуковиќ.

Неда имала уште два помлади браќа. Со својата плата му помогала на целото семејство кое сега од болка се уште не може да се соочи со вистината.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1