Мајката на детето спасено од канализацијата во Кина нема да биде обвинета


Кинеските власти одлучија дека новороденчето кое беше спасено од канализациска цевка пред два дена се нашло таму по несреќен случај и поради тоа, против неговата мајка нема да биде подигнато обвинение, изјави локален официјален претставник.
bebeНовороденчето по двочасовни напори на пожарникари и медицински персонал беше спасено од канализациска цевка под тоалетот, во кој според зборовите на мајката, и се лизнало веднаш по породувањето.
Официјален претставник од Пудјанг на исток во Кина каде се случи инцидентот, изјави дека мажот за кој се верува дека е татко на детето побарал ДНК тест и доколку се утврди дека тој е татко, е подготвен со мајката да разговара за одгледување на детето.
Мајката која присуствувала на акцијата на спасувањето не признала дека бебето е нејзино бидејќи била исплашена, смета полицијата. Но, по испрашувањето таа признала дека забременила по куса врска со маж, дека бременоста ја криела од семејството и тајно се породила во саботата на 25 мај во заедничкиот тоалет во зградата. Детето случајно испаднало во тоалетот, навела таа, јавуваат западни медиуми.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1