Во Штраубинг, малото баварско градче , четириесетгодишен маж бил пронајдем мртов во својот дом меѓу 46 змии кои биле долги вкупно 116 метри и тешки 337 килограми.
Меѓу змиите имало 27 тигрести питони, 11 мрежести питони, седум кралски питони и една анаконда, изјавил Маркус Баур, шефот на минхенската станица за рептили.
Јавноста малку се смири откако надлежните служби успеаа да ги фатат сите змии и да ги стават во една станица за рептили во Минхен. Откако не се појавил седум дена на работа, неговиот работодоавач ја алармирал полицијата која провалила во неговиот дом и го пронашла неговото тело меѓу змиите.
ќе биде извршена обдукција да се види причината за смртта Сепак меѓу медиумите се шпекулира дека нема знаци дека човекот бил убиен или извршил самоубиство, туку едноставно умрел од природна смрт. Поради високата температура телото почнало да се распаѓа.