Со протест и петиција новинарите бараат ослободување од притвор на уапсениот Кежаровски


Утре во 12 часот, пред основниот суд 1 ќе се одржи протест поради притворањето на новинарот Томислав Кежаровски. 

apsenje kezarovski– Начинот на кој колегата Кежаровски е приведен со демонстрација на сила и пред неговите малолетни деца во ситуација кога тој ниту бегал ниту давал отпор и уште повеќе изречената мерка притвор од 30 дена е скандалозна и претставува директен напад не само врз колегата Кежаровски, туку врз слободното новинарство и јавниот говор во земјава. Бараме надлежните итно да ги одговорат овие прашања и да ја повлечат изречената мерка притвор за Томислав Кежаровски -пишува на поканата за протестот кој е организиран на социјалната мрежа Фејсбук

Новинарот Кежаровски е уапсен заради откривање на идентитет на заштитен сведок, сведок за кој се потврдува дека е лажен и кој самиот во јавен говор подоцна изјавува дека сведочел лажно под притисок на припадници на тајните полициски служби. Нејасно е и зошто надлежните органи го приведуваат Кежаровски дури пет години по објавувањето на текстот во тогашниот весник кој тој го уредува “Репортер 92”.

Покрената е и петиција за ослободување на Кежаровски од притвор – ЛИНК во која стои

ЗАШТИТЕНИОТ СВЕДОК Е ЛАЖЕН СВЕДОК!

НОВИНАРОТ ГО НАПИШАЛ ТЕКСТОТ ПРЕД ТОЈ ДА СТАНЕ ЗАШТИТЕН СВЕДОК!

НОВИНАРОТ ИМАЛ ЈАВЕН ИНТЕРЕС ДА ГО ОБЈАВИ НЕГОВОТО СВЕДОЧЕЊЕ ПРЕД ДА СТАНЕ ЛАЖЕН ЗАШТИТЕН СВЕДОК!

ОСЛОБОДЕТЕ ГО ОД ПРИТВОР НОВИНАРОТ ТОМИСЛАВ КЕЖАРОВСКИ И ДОЗВОЛЕТЕ ДА СЕ БРАНИ ОД СЛОБОДА!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1