Пожар на Криволак, се слушаат детонации


Гори кај воениот полигон Криволак, а пламените јазици се на метар до военото стрелиште, каде има заостанати експлозивни средства и муниција што останале од претходно изведувани воени вежби.

Požar-u-Baričevićima-Foto-PIXSELLЗатоа, велат во штипската противпожарна единица, пожарот е со голем ризик за безбедноста  по животот на пожарникарите и  гасењето на десетината хектари опожарена ниско стеблеста шума и суви смреки оди доста бавно и крајно внимателно, пренесе Канал 5.

„Во овој случај не се работи за брзината за гасење на пожарот. Тука се работи за редок вид на пожар каде животите на пожарникарите се изложени на крајна опасност поради зачестените детонации околу нив на огнената фронтална линија. Затоа и гасењето оди доста бавно, бидејќи нашата екипа веднаш се повлече од местото на настанот“, изјави Кирчо Патраклиски,  командир на ТППЕ- Штип.

Пожарот избувнал претпладнево. По дојава од тамошните сточари, штипските пожарникари експресно се нашле на местото на огнената стихија, иако теренот е крајно не пристапен.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1