Русинката Олга Москаленко (26) била пријатно изненадена од гестот на нејзиниот свекор, Милош Стојановиќ при пристигнувањето во Србија.
Милош, татко на идниот сопруг на оваа девојка, и посакал добредојде во семејството со билборд поставен во центарот на неговиот град, пренесува српски Телеграф.
На билбордот е напишано на руски и српски јазик: „Добредојде Олга“.„Кога пристигнаа Олга беше избезумена и го гледаше внимателно билбордот некое време.
Тогаш почна да плаче и силно ме прегрна“, раскажува гордиот свекор.