Раскинувањето за повеќето е непријатно искуство, а ако партнерот дознае дека саканата личност го изневерува тоа дополнително ја влошува ситуацијата.
Токму тоа и се случило на една девојка чие писмо испратено до бившиот дечко е на интернет, а набрзо се прошири и во медиумите. Погледнете како девојката се справила со ситуацијата:
Погоди кој заборави да се исклучи од Фејсбук и кој доби порака од Келси? Да! Ти! Но не грижи се, не скршив ништо. Всушност бев толку добра и ги спакував твоите работи. Дури и измислив супер игра, знаејќи дека сакаш да бараш (како на пример други девојки). Еве како ќе ги најдеш своите работи:
Твојата облека е на она место каде се запознавме!
Твоите видео игри се на местото каде прв пат се бакнавме!
Твојот лаптоп е онаму каде прв пат заедно купивме видео игри!
Твојот телевизор е онаму каде за прв пат “отидовме до крај“!
Се останато, вклучувајќи ги и фотографиите од нашите две последни години се кај Келси!
Забавувај се! И иако јас ништо не скршив, не можам да ти гарантирам дека некој друг нема да ги најде твоите работи пред ти да ги земеш! Среќен лов!“