Кејптаун е сместен на Капскиот полуостров, во зона со субтропска клима, каде ретко врне снег. А ако врне тоа е или на врвот на планината Тејбл или во блиските планински превои.
Според локалните медиуми, минатата ноќ снег и град ги покрија крајбрежните булевари на Кејптаун, а крај брегот на одделни места се појавил и мраз.
Зимата во Јужната хемисфера трае од мај до септември, а во тоа време во Кејптаун често пати врнат студени поројни дождови и дува урагаски ветар од Атлантикот. Температурата на воздухот, меѓутоа, ретко паѓа под плус 10 степени Целзиусови. Овој пат термометрите покажаа околу нулата.
Во планините се формира забележлива снежна покривка. Властите на возачите им препорачаа, ако се во можност, да не минуваат преку превоите.
Најсиромашните жители на земјата, кои живеат во низините, се ужаснати од за нив катастрофалната ситуација- нивните колиби се полнат со ледена вода, а се случува да ги однесат и бурните ветрови. Веќе се разурнати над 500 станови во околината на Кејптаун, а повеќе од 2.000 лица останале без засолниште.
Градоначaланикот Патриша де Нил во мегаполисот прогласи вонредна состојба