Откако изјави дека има рак на грлото, кој за среќа навреме беше откриен и излекуван, Мајк Даглас во медиумите даде шокантна изјава.
Американскиот актер Мајкл Даглас, кој пред три години се разболе од рак на грлото, изјави во интервју за британскиот весник „Гардијан” дека појавата на болеста му е поврзана со сексуалниот живот.
-Мојот тумор е многу специфичен, овој рак е предизвикан од HPV – хуман папилома вирус, изјави актерот, додавајќи дека ракот го добил преку орален секс.
Објаснил дека прво мислел дека за оваа страшна болест, заслужна е неговата грижа заради синот кој добил затворска казна, но подоцна е утврдено дека се работи за еден посебен вид на карцином. Мајкл Даглас, кој е носител на два оскари, откри во 2010 година, дека се бори со рак со хемотерапија и радиотерапија.
„Треба да одам редовно на контролните прегледи, сега на секои шест месеци, но сè е нормално засега, како од пред две години”, вели актерот .