Мајкл Даглас: „Добив рак на грлото бидејќи орално ја задоволував жената!“


Откако изјави дека има рак на грлото, кој за среќа навреме беше откриен и излекуван, Мајк Даглас во медиумите даде шокантна изјава.

Michael-Douglas-and-Catherine-Zeta-JonesАмериканскиот актер Мајкл Даглас, кој пред три години се разболе од рак на грлото, изјави во интервју за британскиот весник „Гардијан” дека појавата на болеста му е поврзана со сексуалниот живот.

-Мојот тумор е многу специфичен, овој рак е предизвикан од HPV – хуман папилома вирус, изјави актерот, додавајќи дека ракот го добил преку орален секс.

Објаснил дека прво мислел дека за оваа страшна болест, заслужна е неговата грижа заради синот кој добил затворска казна, но подоцна е утврдено дека се работи за еден посебен вид на карцином. Мајкл Даглас, кој е носител на два оскари, откри во 2010 година, дека се бори со рак со хемотерапија и радиотерапија.

„Треба да одам редовно на контролните прегледи, сега на секои шест месеци, но сè е нормално засега, како од пред две години”, вели актерот .

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1