Актерот Мајкл Даглас изјави дека ракот на грло го добил како последица од вирус со кој се заразил преку орален секс со жени. Весникот “Гардијан” објави интервју, во кое Даглас го обвинува оралниот секс за страшната болест која му беше дијагностицирана во 2010 година. Весникот, исто така, имаше цитирано и лекари што се скептични во врска со неговата изјава.
МАЈКЛ ДАГЛАС: „ДОБИВ РАК НА ГРЛОТО БИДЕЈЌИ ОРАЛНО ЈА ЗАДОВОЛУВАВ ЖЕНАТА!“
Доктор Мајкл Брејди, специјалист по сексуално здравје и директор на фондацијата “Теренс Хигинс”, изјави за АП дека оралниот секс можеби играл улога во заболувањето од рак кај Даглас, но оти е тешко прецизно да се каже која била точната причина за болеста.
Тој нагласи дека Даглас пушел цигари и пиел алкохол, два фактора кои се најчести причини за добивање рак на усната шуплина.
“Честопати има и ред други фактори – генетски, еколошки, вирусни кои, исто така, играле улога”, изјави тој. Брејди вели дека има стотици различни типови на вирусот ХПВ и оти во повеќето случаи се безопасни. Ризикот е толку мал, вели тој, што луѓето не треба премногу да се грижат или да ги менуваат сексуалните навики.
ХПВ е причинител на рак на грлото на матката, но исто така, може да предизвика и рак на усната шуплина и на грлото, и има сe повеќе вакви случаи. Доктор Кер Арни од Кансер рисрч УК изјави дека секогаш има ризик кога луѓето влегуваат во сексуални односи со нови партнери, но додаде оти лекарите не сакаат да ги исплашат луѓето, па да не можат да уживаат.
„Вест“ разговараше со Д-р Никола Николовски, директор на Клиниката за уво, нос и грло и со Д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог од Клиничка болница “Аџибадем Систина”.
Што велат македонските доктори за болеста на Мајкл Даглас во Македонија можете да прочитате во печатеното и во електронското издание на Вест.