Милијардер остана без ништо за само пет години


Халси Мајнор пред пет години беше милијардер, денес е човек во долгови кој ги продава и последните вреднсти кои му преостанале.5-years-after-selling-cnet-for-18-billion-halsey-minor-is-brokeМајнор (48) е пионир на технологијата и основач на мрежата ЦНЕТ (CNET) кој ја отвори во 1993 година, а ја продаде на почетокот на финансиската криза во 2008 година за 1,8 милијарди долари, како и компанијата „Гранд Сентрал Комуникејшен“ (GSC) кој ја продаде на Гугл за 65 милиони долари.

Мајнор, љубител на уметноста и коњите, заработувајќи на технолошките компании милијарди, почна да купува недвижен имот, уметнички предмети но и да се обложува на трките за коњи, поради што неговото богатство почна вртоглаво да се топи.

Тој во 2007 години вложил 22 милиони долари во реплика на градот Версај и палати, што почнало да се гради во предградие на Сан Франциско, но и тоа останало недовршено затоа што му недостасувале 15 милиони долари за завршувањето на проектот.

Учествувал на аукциската куќа „Сотеби“ и купувал уметнички дела, меѓутоа, поради доцнење со исплатите за три слики, од него по судски пат е побарано да исплати 6,6 милиони долари.

halsi maynorКуќата која ја купил во Лос Анџелес за 20 милиони долари ја продал за 11 милиони долари, а разводот со сопругата го чинела повеќе од 100 милиони долари.

Долговите, даноците, пропаднатите вложувања, промашените инвестиции на крајот му го однесоа целото богатство. Мајнор прогласи банкрот, изјавувајќи дека „да се биде претприемач значи и да се прифати финансискиот ризик“.

Според податоците доставени до судот во Лос Анџелес, Мајнор должи 100 милиони долари од 60 различни финансиски институции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1