Зошто кога сме мамурни јадеме бурек?


Желбата за масна храна по големо количество алкохол датира од многу одамна, потврдуваат научниците. Кога ќе се напиеме некоја чашка повеќе ја сакаме масната храна која ни дава најмногу калории во однос на другите намирници. Најчесто луѓето неможе да ги контролираат овие нагони, но кога ќе се намали дејството на алкохолот, инстиктите работат.

Трезните немаат потреба за масна храна, но по една чаша вино вие ги губите „кочниците“.

burek1Со други зборови, луѓето се програмирани да уживаат во масна и слатка храна, а за тоа допринесува лачењето на допаминот при конзумирање на овие намирници.Комбинацијата на овие фактори предизвикува да уживаме во калоричната храна, дури и кога знаеме дека не ни е потребна.

Второто објаснување поради кое расте нашата желба за масна храна која сме пијани е хемикалијата гланин која влијае на мозокот. Научниците сметаат дека нејзиното лачење предизвикува зголемување на триглицеридите кои се наоѓаат во алкохолот. Триглицеридите односно калориите „претворени“ во масни ќелии, телото го опуштаат кога ќе огладнеме.

Внесувањето на поголема количина масна храна и алкохол, го зголемува нивото на триглицериди, а тоа потикнува производство на гланин.

Резултатот е дека алкохолот потикнува желба за масна храна, а маснотијата само ја „дозагрева“ таа потреба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1