Нивото на водата на Слатинско езеро за еден месец се намали од девет метри на само околу еден метар длабочина.
Водата со ненамален интензитет се уште истекува низ браната, така што ни затварањето на испусниот вентил , кој се затвори пред два дена не допринесе да престане намалувањето на нивото на акумулацијата , кое дневно опаѓа за околу триесетина сантиметри, соопштија рибарите.
„Водената површина веќе не личи на езеро тука на бара. Флората е уништена, а за фауната каде спаѓаат и рибите, има време од само неколку дена да се спаси. Апелите на рибарите и концесионерот не допреа до вистинското место за да се изврши санација на пукнатината на браната”, вели концесионерот
Очекуваат езерото за петнаесетина дена преку пукнатината потполно да се испразни. Советот на Хидробиолошкиот институт како овластена научна установа за рибарство по барање на концесионерот на рибниот фонд, треба да донесе мислење дали и каде ќе се префрли рибата.
Најверојатно капиталните крапови ќе се префрлат во мрестилиштето за крап во дворот на Хидробиолошки завод, а поситната риба како грунецот, кленот и плашката ќе се префрлат во Требенишко езеро, односно она што остана.
Поголема количина на мртви риби има во длабоките пукнатини кои сега се на суво, а преку кои истекуваше вода низ процепот на браната, информираат од таму, пукантини што се појавиле пред некој ден .
Изловената риба, ако некогаш се санира браната, или направи нова ќе биде вратена во езерото.
Makfax