Eколошка катастрофа на повидок – Слатинско езеро со само еден метар вода (Фото)


Нивото на водата на Слатинско езеро за еден месец се намали од девет метри на само околу еден метар длабочина.

slatinsko ezeroВодата со ненамален интензитет се уште истекува низ браната, така што ни затварањето на испусниот вентил , кој се затвори пред два дена не допринесе да престане намалувањето на нивото на акумулацијата , кое дневно опаѓа за околу триесетина сантиметри, соопштија рибарите.

„Водената површина веќе не личи на езеро тука на бара. Флората е уништена, а за фауната каде спаѓаат и рибите, има време од само неколку дена да се спаси. Апелите на рибарите и концесионерот не допреа до вистинското место за да се изврши санација на пукнатината на браната”, вели концесионерот

Очекуваат езерото за петнаесетина дена преку пукнатината потполно да се испразни. Советот на Хидробиолошкиот институт како овластена научна установа за рибарство по барање на концесионерот на рибниот фонд, треба да донесе мислење дали и каде ќе се префрли рибата.

slatinsko ezero2Најверојатно капиталните крапови ќе се префрлат во мрестилиштето за крап во дворот на Хидробиолошки завод, а поситната риба како грунецот, кленот и плашката ќе се префрлат во Требенишко езеро, односно она што остана.

Поголема количина на мртви риби има во длабоките пукнатини кои сега се на суво, а преку кои истекуваше вода низ процепот на браната, информираат од таму, пукантини што се појавиле пред некој ден .

Изловената риба, ако некогаш се санира браната, или направи нова ќе биде вратена во езерото.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1