“Сам дома” во реалност – 10 год дете ги избркало крадците (видео)


Едно десетгодишно детенце, благодарение на неговата неверојатна храброст, го спаси својот дом од крадците, а многумина веќе и го споредуваат со херојот од филмовите “Home Alone”. Имено, двајца крадци се обидоа да ограбат куќа во Бруклин, барајќи пари од станарите, а нивниот поход е овековечен и на камера.

hrabri-djecakТака, на видеото во продолжение може да се види како едниот од нив се искачува на катот, каде што 40-годишната жена со вратата му ја удира раката и тој го пушта својот пиштол на земја, а овој момент на слабост го користи десетгодишно момче кое што го зема пиштолот и се обидува да пука во крадецот, но безуспешно.

Вториот крадец исто така испукува куршум, а потоа и двајцата криминалци бегаат од местото на настанот. Соседите на момчето на големо го фалат храброто момче.

“Тоа е вистинска храброст, а детето е херој, ги спаси своите браќа и сестри”, вели соседот Сергеј, а пренесува “CNN”.

Сепак, соседот Вејн Хант вели: “Децата тоа не би требало да го гледаат, такви нешта мораме да спречиме во иднина. Ниту едно десетгодишно дете не би требало да држи пиштол во раката”.

Полицијата ги опишува осомничените како двајца млади Афроамериканци, а едниот од нив за време на нападот бил маскиран како доставувач на “FedEx”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1